Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11:28 часот во Охрид, Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 155 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3,8.






