недела, 7 декември 2025

Почна судењето за „Пулс”, никој не знае дали ќе трае 5 месеци или 5 години

Во 9.38 часот, судијката Дијана Груевска Илиевска го отвори судењето за најголемиот судски процес за трагедијата во „Пулс“.

Објавено на

часот

Сподели

Таа се претстави, и нагласи дека иако сите и го знаат името, мора да ги испочитува законот. За тоа колку ќе трае судењето , судијка рече дека не може да гарантира брзина бидејќи така се прават грешки, ниту пак знае дали судењето ќе трае 5 месеци или 5 години.

„Ние сме  сите родители и ја разбирам болката, но сепак сакам да нагласам дека сме и професионалци кои мора да ги почитуваат правата на обвинетите”, рече судијката. Нејзиниот лик јавноста денес нема да го види бидејќи забрани да се снимаат судиите. Во судница се присутни половина од вкупно 15 обвинители кои работеа на обвинителниот акт , потоа обвинетите, нивните бранители, многу новинарски екипи од земјава и надвор, како и роднините на починатите во трагедијата.

Поради економичност на постапката во обвинителниот акт со 34 обвинети физички лица и три фирми, со одлука на судот, споена е постапката за обвинетиот Александар Нацев кој е сопственик на агенцијата за обезбедување, Рубикон. Сега во обвинителниот акт има вкупно 35 физички лица.

Судењето е во тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ