недела, 7 декември 2025

Почна судењето за неисплатените плати на вработените во печатница „Напредок“ од Тетово

Со евидентирање на писмени докази и вештачења, денеска во Основен суд Тетово почна главната расправа за неисплатени плати на поголема група поранешни вработени во печатница „Напредок“ Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Ова судење следува по поднесената кривична пријава од страна на вработените, кои го очекуваат судскиот процес да почне од јануари 2024 година.

Откако на денешната расправа беа доставени писмените докази и вештачења од Обвинителство како и одбраната, судот одлучи да продолжи со сослушување на вештите лица на 10 ноември, во 10 часот.

Вработените се задоволни и што конечно е почнато судењето за исплата на нивните плати.

„Ете, денеска направивме еден мал чекор, со што ветија дека ќе ги повикаат вештаците од двете страни, па да видиме. Наредното рочиште е закажано за 10 ноември. И мислиме дека ќе има разбирање за нас и дека еднаш веќе ќе се стави крај. Да се реши за платите, да се дадат. Кој е виновен, нека одлучи судот, затоа сме овде“, изјави Живка Димовска, една од работничките со повеќедецениски работен стаж во печатница „Напредок“.

Освен кривичната пријава од страна на вработените, се води и стечајна постапка за печатница „Напредок“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ