вторник, 9 декември 2025

Почна првиот Aеро стрит фуд фестивал во Аердром

Вчера во паркот „Авионче“ во Аеродром почна првиот AERO Street Food Festival. Бројната скопска публика уште првиот ден од фестивалот до доцна во ноќта уживаше во богатата понуда на улична гастрономија, свежи вкусови и во урбаната забава.

Објавено на

часот

Сподели

Во паркот се поставени десетици штандови на познати брендови за храна, уникатни специјалитети… а разновидната музичка програма само ја збогати урбаната забава.

Организаторите изразија задоволство од огромниот интерес и поддршката од граѓаните и најавија уште многу изненадувања во наредните фестивалски денови.

AERO Street Food Festival ќе трае до 8 септември, нудејќи четири дена полни со вкусна храна, музика, натпревари и незаборавна дружба. Настанот се реализира со поддршка на Oпштина Аеродром, а влезот за сите посетители е бесплатен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ