среда, 18 март 2026

Почна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

Од општина Босилово вечерва почна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на кампањата, како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ќе бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места.

Активностите ќе се реализираат преку два големи и шест помали тима, кои ќе ја посетат секоја една општина.

„Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за актуелните предизвици. Сакаме да слушнеме забелешка, критика, пофалба. Оваа комуникација е за да бидеме постојано меѓу земјоделците, зашто таму се пробпемите и решенијата, затоа и оваа комуникација е многу важна“, изјави Трипуновски.

Тој уште еднаш нагласи дека за Владата секој земјоделец е важен.

„Како министерство, продолжуваме да ги спроведуваме политиките и во комуникација сме со секој земјоделец. Владата посветува внимание на секој земјоделец кој произведува, зашто секој земјоделец е важен“, потенцира Трипуновски.

Министерот порача дека Босилово е пример за модерна и успешна општина, со силно земјоделство.

„Во Босилово, согласно Фарм регистарот, има над 1.600 земјоделски стопанства и околу 10 000 хектари обработливо земјиште, од кои 2.000 се во државна, а 8.000 хектари во приватна сопственост“, рече Трипуновски.

Во Босилово, по повод почетокот на кампањата, се одржа трибина. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ