понеделник, 15 декември 2025

Почна јавната расправа за нацрт-законот за користење на енергијата од обновливи извори

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави нацрт-законот за користење на енергијата од обновливи извори на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што почна 30-дневниот период на јавна консултација со граѓаните, стручната јавност и сите релевантни чинители.

Објавено на

часот

Сподели

Овој закон претставува стратешки чекор напред, со кој обновливите извори на енергија за првпат се уредуваат во посебен закон (Lex specialis), одвоен од останатите енергетски закони – по примерот на голем број земји од регионот и ЕУ. Причината е јасна: обновливите извори на енергија (ОИЕ) претставуваат сложена, но сè поважна и динамична област, со огромно влијание врз економијата, екологијата и енергетската независност, соопшти Министерството за енергетика.

Овој посебен закон е подготвен  согласно Владината програма за 2025 година и со цел да обезбеди јасна и комплексна регулатива која ќе ги уреди сите аспекти поврзани со обновливите извори на енергија (ОИЕ) — од поставување цели и мерки за поддршка, до конкретни механизми за финансиска стабилност и заштита на потрошувачите.Законот е целосно усогласен со последните промени во европското енергетско право, пред сè со RED III Директивата, која ја регулира промоцијата и користењето на обновливите извори и е обврска за земјите-членки на Енергетската заедница.

Во нацрт-законот јасно се дефинирани национални цели за зголемување на уделот на ОИЕ во бруто потрошувачката на енергија. Се воведува нов финансиски механизам – „Договор за пазарно порамнување на разликата“ (Two-way contract for difference), кој гарантира стабилност и предвидливост на приходите за производителите на енергија од обновливи извори, а истовремено ги штити потрошувачите од екстремни ценовни флуктуации. Се регулира нето-мерењето (Net metering) и нето-пресметката (Net billing), кои овозможуваат поефикасно користење и пласирање на произведената електрична енергија од домаќинствата и бизнисите.

Со новиот закон, Министерството го поставува користењето на обновливи извори во срцето на националната енергетска политика, поврзувајќи економски развој, екологија, социјална правда и европска интеграција.

Меѓу најзначајните новини во законот е воведувањето на нов финансиски механизам на европско ниво – т.н. двонасочен договор за пазарно порамнување на разликата во цена (two-way contract for difference).

Со нацрт-законот првпат се регулираат и методите за управување со вишокот на произведена енергија: Net metering – вишокот произведена енергија се пренесува како енергетски депозит за следниот период; Net billing – вишокот се пресметува во парична вредност и се користи за намалување на сметките во следните периоди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ