сабота, 20 декември 2025

Почна изградбата на новиот Дом за стари лица во Зрновци

Во Зрновци денеска почна изградбата на дом за стари лица. Површината на објектот е 1.600 метри квадрати, а капацитет на домот е за 64 легла. Ова е приватна инвестиција на компанија Еко пак хит – Кочани, додека пак Општина Зрновци ја спроведе комплетната процедура за добивање позитивно мислење од Владата за отуѓување на градежното земјиште.

 

Објавено на

часот

Сподели

На свеченоста присуствуваше македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

„И од мое име сакам да честитам на инвеститорот што се одлучува да инвестира во еден ваков објект овде во Општина Зрновци. Ова е прв ваков објект, тие се пионери во Источна Македонија и мислам дека ова што тие денес го започнуваат ќе додаде вредност во квалитетот на животот на жителите во овие општини и генерално во Источна Македонија.

Се потрудивме и како Влада и градоначалникот, како Општина Зрновци да сториме се што е во наша моќ, нормално и во наши ингеренции да помогнеме тој процес да се забрза и денес да се радуваме на овој преубав ден, раѓањето на Пресвета Богородица да се создаде едно раѓање на еден нов објект којшто ќе значи долг живот за сите оние коишто ќе ги користат услугите на овој објект“, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од предложените кандидати за градоначалници, премиерот вели дека се труделе да бидат објективни и врз основа на она со кое располагале, како информации, да донесат најдобра одлука.

„Имам доверба во секој еден од предложените кадровски решенија. Имам доверба дека ќе покажат вонредни резултати. Тука сме ние секојдневно да ја мониторираме нивната работа и доколку гледаме дека имаме намалување на динамиката и темпото на реализцијата на политиките кои се ветени спрема граѓните, да ги опоменеме. Така што никој не е вечен и никому ништо не е загарантирано и однапред априори дадено. Секој ќе мора да се потруди максимално, мора тоа што се ветува пред граѓаните и да се испорачува“, нагласи премиерот во Зрновци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ