сабота, 24 мај 2025

Почит за загинатите полицајци во кумановското “Диво насеље“, од СВР Тетово и ОВР Гостивар, како и во скопско Инџиково

Денеска (10.05.2025) претставници од СВР Тетово и ОВР Гостивар им оддадоа почит на загинатите полициски службеници од Гостивар, кои во 2015 година во Диво насеље во Куманово го дадоа животот бранејќи ја татковината. Нека им е вечна слава!, се вели во соопштението на СВР Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Додека во населеното место Инџиково, денеска пред споменикот на Горан Стојменовиќ се оддржа настан за одбележување на 10 годишнината од настаните во кумановско Диво Насеље.

На настанот, како што информираат од Општина Гази Баба, пред присутните се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски и член на семејството на Горан Стојменовиќ.

„Никогаш во ниедна страница на македонската историја, нема да избели споменот на кобниот мај пред 10 години, денот кога нашите македонски јунаци, припадници на Министерството за внатрешни работи ги положија своите животи во жестокиот судир за одбрана на нашата татковина“, истакна министерот Тошковски.

Градоначалникот Стефковски, нагласи дека Македонија загуби осум свој синови, луѓе со имиња, семејства и соништа.

„Тоа беа луѓе кои облекоа униформа не поради должност, туку поради верба дека Македонија колку и да е мала, заслужува мир, безбедност, а пред и над се достоинство! Нивната жртва не е само симбол на трагедија. Таа е симбол на храброст и љубов кон татковината“, изјави Стефковски.

Во знак на длабока почит и сеќавање, по повод 10-годишнината од трагичните настани во Диво Насеље, беа пуштени 8 бели балони кон небото – симбол на чест, мир и благодарност. На секој балон беше испишано името на еден од нашите херои кои го положија својот живот за татковината.

„Овој чин е тивка, но моќна порака дека нивната жртва не е заборавена. Белите балони го прободеа небото како симбол на нивната вечна слобода и нашата трајна должност да се сеќаваме. Нека се издигне нашето сеќавање – нека лета нивната храброст“, се вели во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ