недела, 7 декември 2025

Почит за ослободителите на Скопје од делегации на градските и државните институции

По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, делегации од повеќе институции оддадоа почит на паднатите борци.

Објавено на

часот

Сподели

Цвеќе беше положено на Партизанските гробишта во Бутел и на Алејата на великаните на гробот на генерал Михајло Апостолски.

На чествувањето присуствуваа претставници од Сојузот на борци, од Градот Скопје предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставници од Собранието и Владата на Република Македонија, од кабинетот на претседателката, Армијата на Република Македонија, како и од Црвениот крст.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација, означувајќи го почетокот на новата историја на слободно Скопје. 

 

„Честит 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје! Да се потсетиме со гордост на храброста и жртвата на сите што се изборија за нашата слобода.

Нека духот на единството, достоинството и љубовта кон градот не води и понатаму да го чуваме и градиме Скопје како место на мир, култура и заедништво“, упати честитка за Денот на ослободувањето на Скопје, премиерот Христијан Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ