понеделник, 8 декември 2025
Жална вест

Почина судијката и адвокатка Ленче Софрониевска

На 77-годишна возраст почина Ленче Софрониевска, истакнат правник и судија, и една од основоположниците на судскиот систем во независна Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Најголем дел од својот професионален живот го посвети на реформите во правосудството со цел обезбедување на самостојност и независност на судската власт од извршната и законодавната власт.

Софрониевска е родена на 14 јануари 1948 година во Скопје. Правосудната кариера ја започнува во 1974 година во Општинскиот суд Скопје 2, кога била избрана за најмлад судија во тогашната СР Македонија. Во претходниот систем, таа била претседател на Судот на здружен труд и член на Претседателството на ЦК СКМ. По прогласувањето на независноста на Македонија, Софрониевска била советник во првата Влада на Република Македонија и генерален секретар на Владата.

Во подоцнежниот период, таа работела како судија и претседател на Апелациониот суд во Скопје, како и член и претседател на Републичкиот судски совет на Република Македонија. До пензионирањето, Софрониевска работеше како адвокат, продолжувајќи да дава значаен придонес во правниот систем на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ