сабота, 27 декември 2025

Почина професорот – филозоф Кирил Темков

На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина проф. д-р Кирил Темков, познатиот професор во пензија по филозофија, етика и естетика, автор на голем број книги, учебници и научни дела, како и публицистички трудови од областа на филозофијата, етиката, естетиката и културологијата.

Објавено на

часот

Сподели

Темков во текот на својата плодна кариера беше асистент, предавач, вонреден и редовен професор по етика, естетика, филозофија на политиката, филозофија на менаџерството, еколошка етика, биоетика, педагошка и менаџерска етика, како и филозофија на образованието на Институтот за филозофија при Философскиот факултет во Скопје.

Темков е роден во Кавадарци во 1943 година, во занаетчиско семејство, а своето образование го стекнал во Белград и Скопје. Дипломирал во 1968 година, а докторирал во 1982 година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ