Во текот на својата долгогодишна кариера, посебно се ангажираше на бројни проекти со кои се унапредуваа содржините во весникот преку уредување на специјални прилози од областа на спортот и на масовните комуникации. Имаше значаен придонес и во реализацијата на новинарскиот проект „Вечер Европа“, кој почна да се реализира како дел од тридеценискиот јубилеј на весникот во 1993 година.
Благодарение и на неговиот посебен ангажман во Франкфурт, Германија, почна да се печати и издава специјално седмично издание, кое беше наменето за македонските граѓани во дијаспората и кое се дистрибуираше во повеќе од десетина европски земји.






