Владо Петров како пензиониран полициски службеник беше осомничен дека додека бил главен инспектор за сообраќајни работи потпишал документ за паркинг-просторот пред т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани.
„Трагедијата во Кочани ја зеде својата 63. жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност. Владо не го издржа притисокот и не успеа да види ништо од пензијата. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе е многу доцни“, пишува на фејсбук-профилот на Независниотсиндикат на полицијата.






