сабота, 21 февруари 2026

Почесниот македонски конзул во Бурса, Турција го посети Дебар

Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Меља, оствари средба со  Халил Беџети, почесен македонски конзул во Бурса, Република Турција, што претставува важен чекор кон интензивирање на економските и институционалните односи меѓу Дебар  и стратешките индустриски центри во Турција, информираа од општината.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата станало збор за можностите за меѓусебна соработка во различни области, со посебен акцент на зајакнување на економските, културните и институционалните врски меѓу општината и меѓународните партнери.

„Исто така, се разговараше за заеднички проекти и иницијативи кои можат да придонесат за локалниот развој, промоција на градот Дебар и проширување на соработката во иднина“, додаваат од општината.

Градоначалникот Меља истакнал дека Општина Дебар останува отворена и нуди поддржувачка средина за иницијативи што придонесуваат за социјалната благосостојба и економскиот раст за нејзините граѓани.

Од своја страна, конзулот Беџети се заблагодарил на гостопримството и ја потврдил својата посветеност на поддршка на проекти насочени кон интернационализација на потенцијалот на Дебар.

Соговорниците изразиле подготвеност за продлабочување на соработката и поддршка на иницијативи што позитивно влијаат врз економскиот, социјалниот и културниот развој, нагласувајќи ја важноста од градење одржливи мостови на соработка во интерес на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ