петок, 6 февруари 2026

Почесната награда „Илинден“ годинава во рацете на ФУЕН

По повод 17- годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“ – Тирана донесе одлука за доделување на истоимената награда и благодарници на поединци и институции. Годинава, добитник на почесната наградат „Илинден“ е работна група за словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европски националности (ФУЕН).

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарници се доделуваат на отец Илија Мазнику, свештеник на Албанската автокефална православна црква, по потекло од областа Голо Брдо, Курир.мк, Република.мк, Љупчо Златев, уредник на Лидер.мк, Марјана Дода, уредник на Aргументум.ал, Илир Шута, новинар, на Телевизија СОТ 7, Поградец#,  информираа од друштвото.

Признанијата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија.

„И овој пат беа предложени повеќе институции и поединци, но од предложените избрани се оние кои со својот ангажман најмногу  придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија“, пишува во објавата на друштвото.

Претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, од негово и име на друштвото, им честита на добитниците со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ