понеделник, 15 декември 2025

ПОЦ „собрал“ 104 непрописно паркирани возила минатата недела

Санкционирани биле 104 непрописно паркирани возила во општина Центар за една недела.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје во периодот од 8 до 14 декември, со помош на специјалните возила ‘пајак’ отстранија 104 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот“, соопштија утрово од претпријатието.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, потенцираа дека неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, нагласија дека претпријатието и Секторот за внатрешни работи – Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ