четврток, 10 април 2025
По реакциите на социјалните мрежи

ПОЦ одби да го крене поршето на Керим во Дебар Маало, полицијата напиша казни (ВИДЕО)

Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија на Дебар Маало во Скопје, Министерството за внатрешни работи информира дека настанот се случил на 22 март годинава, возачот е санкциониран, а воизлото не било на полициски службеник. Според наши информации возилото е на македонскиот политичар и поранешен амбасадор, Срѓан Керим.

Објавено на

часот

Сподели

„Возилото е подигнато од страна на ПОЦ, а од страна на СВР Скопје преземени се мерки по член 63 став 6 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник. Во врска со постапувањето пак на полициските службеници при подигнувањето на возилото, веќе постапува Одделот за внатрешната контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по завршување на целокупната постапка соодветно ќе ја известиме јавноста“, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

За овој настан претходно реагираше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, оценувајќи ги како „некоректни и манипулативни обидите од некои медиуми да се префрли одговорноста на Пајак службата на ЈП Паркинзи на Општина Центар“. Тој тврди дека полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, и побара од МВР да ги санкционира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ