Како што се наведува во соопштението, замената на мерките е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција.
Освен ова, се додава, за првпат по настанот побарани се мерки за претпазливост за уште едно лице од првата група осомничени, кое до сега било на лекување.
„Станува збор за лице од дискотеката, а мерките се предложени во согласност со неговата моментална здравствена состојба и потребата од натамошно лекување“, се наведува во соопштението од кочанското јавно обвинителство.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица, а со повреди се здобија околу двесте.