Според надлежните, ова беше досега еден од најголемите пожари предизвикан од непознат сторител. По три дена, со пожртвувана борба со огнот, кој се закануваше да се прошири и на останатите ламели, вработените од прилепската противпожарна заштита, од ЈКП „Комуналец“, од Дирекцијата за заштита и спасување, од голем број општествено одговорни компании, успеаја целосно да ја изгаснат депонијата, објаснуваат од ЈКП „Комуналец“.
„Изразуваме благодарност до сите компании кои освен човечките ресурси на располагање ја ставија и својата градежна механизација, цистерни и транспортни товарни возила. Територијалната противпожарна единица како и секогаш беше на врвот на својата задача, подготвена и за најголемиот ризик. Со овој најголем предизвикан пожар досега на депонијата во Алинци, се потврдува фактот дека Регионалното депонирање на отпадот е спасот за сите општини во Македонија, со претходен модел на селекција на отпадот на местото на настанување, и вложување на општините во Инсталации за управување со отпад“, информираат од ЈКП „Комуналец“ и од прилепската локална самоуправа.
МИА






