недела, 13 април 2025

По пријава на граѓани саниран е оштетениот надвозник кај Визбегово

По пријава од граѓани на единствениот телефонски број за итни случаи – 112, санирани се оштетениот мост – надвозник пред скопско Визбегово и пукната водоводна цевка на него, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера, доцна попладне, по 17 часот, лице кое со автомобил се движело по Јадранска магистрала во правец кон Блаце од мостот – надвозник, во близина на бензинската пумпа на Макпетрол што е на влезот на Визбегово, забележало како паѓаат камења. Веднаш од страна на оперативните работници на Регионалниот ЦУК – Скопје, пријавата е доставена до општините Бутел и Карпош, а и до Улици и патишта, за нивно итно постапување и санирање на надвозникот, а и до МВР, при што полицијата се грижеше за општата безбедност и на сообраќајницата и во околина на изведувањето на работите за санирањето на мостот – надвозник. Во текот на вечерните часови, од страна на овластено лице на Улици и патишта, ЦУК беше известен дека е постапено по пријавата“, се појаснува во соопштението.

Исто така, било пријавено дека на истиот мост – надвозник пред Визбегово, има пукната водоводна цевка од што се слева голема количина вода на коловозот под мостот.

„Од страна на оперативните работници во РЦУК – Скопје, пријавата била веднаш доставена до дежурните во Водовод и канализација за нивно постапување. Во вечерните часови во ЦУК е добиена информација од јавното претпријатие дека дефектот бил саниран, во 20:30 часот“, се додава во соопштението.

Од ЦУК додаваат дека е информирано во повеќе наврати за небезбедноста на овој мост.

„Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во повеќе наврати посочи и во јавноста и на институциите, а и на службите преку службено административно информирање, како и преку координативни средби за небезбедноста на мостот – надвозник пред Визбегово, при што беа изведени привремени решенија за да се зголеми безбедноста на граѓаните на и под мостот“, се нагласува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ