среда, 10 декември 2025

По подолга пауза Македонија испрати амбасадор во Париз

Новоименуваниот амбасадор на Македонија во Париз, Игор Николов, ги предаде  акредитивните писма на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Со ова официјално започна неговиот дипломатски мандат во Париз, со цел унапредување на билатералните односи, зајакнување на соработката и продлабочување на партнерството меѓу двете земји, објавија од француската амбасада во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Последен што требаше да замине во Париз беше поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, но одлуката за неговото именување од март 2022 година беше повлечена.
Николов е нефролог кој бил на стручен и научен престој во болницата Некер во Париз, во лабораторија на Клиниката за нефрологија. Во 2009 година завршил докторски студии на Медицинскиот факултет при Универзитетот Пјер и Марија Кири во Париз.
Николов е поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Централна комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ