недела, 14 декември 2025

По неделен возен ред ќе сообраќаат утре автобусите на ЈСП низ Скопје

Јавниот превоз во Скопје утре ќе сообраќа по неделен возен ред поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Објавено на

часот

Сподели

ЈСП Скопје соопшти дека исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.

Утре дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19:30 часот е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Воедно, информираат дека од понеделник, согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ