среда, 14 јануари 2026

По Левица и Вреди е за отворени листи, ама и поголемо учество на дијаспората во гласањето

Да се укине техничката влада веднаш, а ако нема согласност од сите политички фактори, тогаш и следните редовни парламентарни избори да се одржат со техничка влада и потоа таа да се укине, е ставот на коалицијата Вреди, што бил изнесен на денешната лидерска средба. Во исто време и Социјалистичката партија на Макединија (СПМ) објави дека ја поддржува иницијативата за укинување на техничката влада „како рецидив од едно минато време оптоварено со политички притисоци, уцени и отстапки од националните и државните интереси“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата Вреди, на средбата било изнесено и барањето со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето.

„За изборните единици немаме став, најважно е, како и да се одлучи, и за една изборна единица, да има отворени листи“, истакна Касами.

Тој ја поздрави денешната лидерска средба, на која, рече, се отворија многу теми, политички и економски и имало конструктивна дискусија.

Во исто време и Социјалистичката партија на Макединија (СПМ) објави дека ја поддржува иницијативата за укинување на техничката влада „како рецидив од едно минато време оптоварено со политички притисоци, уцени и отстапки од националните и државните интереси“.

„Производот на Пржинскиот договор, на кој СПМ се спротивстави уште во неговиот почеток, со себе го носи белегот од последиците кои создадоа трауми од злоупотребите и безочното газење врз достоинството на македонскиот народ и граѓани од страна на владите во периодот што следеше. Денес, после извојуваната слобода од сите наметнати стеги од претходната власт, Македонија и нејзините граѓани заслужуваат демократски амбиент во полн капацитет. Еден од условите за тоа претставува и укинувањето на техничката влада со нејзината целосна неефикасност“, велат од СПМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ