„Но, она што не може да изгори е нашата верба, тимски дух и љубовта кон тоа што го работиме. И покрај големиот удар, не дозволивме тоа да нè сопре. Во рекордно време изработивме план за рестартирање на производството за само 10 дена. Ги реновираме клучните машини, набавуваме нови залихи, започнавме реконструкција на објектот и го мобилизиравме целиот тим со една цел да продолжиме да создававме здрава и квалитетна храна за сите вас. До моментот на пожарот, рушевме рекорди во продажба и тука нема да застанеме. Со уште поголема мотивација и посветеност, најавуваме пет нови производи до крајот на годината“, вели Марио Мирсинов, менаџер на Био космос.
По катастрофалниот пожар Био космос повторно работи
По катастрофалниот пожар фабриката за здрава храна Био космос почна повтирно да работи. За кратко време по катастрофалниот пожар настанат како резултат на удар од гром во кој изгоре речиси 80 отсто од објектот, фабриката е повторно во погон.

Објавено на
часот





