Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски, вчера изјави дека за следната недела нема индиции за драстични промени во малопродажната цена на нафтените деривати, но ако високите цени на берзите се задржат подолг период, тоа ќе се одрази и кај македонските потрошувачи.
Иако геополитичките тензии на Блискиот Исток создаваат неизвесност на глобалните пазари, Бислимоски останува воздржан оптимист. Тој вели дека ценовниот раст на барелот нафта од 78 долари е можеби само краткорочен ефект, кој нема да има долгорочни последици.
„Цените кај нас ги следат светските трендови, но одлуките ги носиме внимателно. Доколку се потврди долготраен раст, ќе мора да реагираме“, заклучи Бислимоски.