„Ова е доказ дека народниот отпор е посилен од секој профит. Им благодариме за свесноста и одлуката да не се стават на страната на уништувачите“, соопштија од Changemakers4all, една од организациите иницијатори на протестите со кои повеќе од еден месец беше блокиран пристапот до Дошница.
Организаторите на протестите бараат „властите веднаш да ја поништат оваа срамна дозвола. Ние не се тргнуваме, ниту отстапуваме. Ќе стоиме до крај, со глас, со тело и со срце! Ова е нашата земја, ова е нашата вода, ова е нашата победа што доаѓа!“, стои во соопштението на иницијативата.
Викендов кај Смрдлива вода се одржа „Протестфест“, чие мото беше „Заедно за последните капки чиста вода“. Граѓаните заедно слушаа музика, учествуваа во работилници, дискусии, детска програма, отворен базар и планинарски акции, сѐ во знак на заедништво и протест против изградбата на две мали хидроцентрали на Дошница.







