петок, 30 мај 2025
АМСМ

По еден час се чека на граничните премини Табановце, Богородица и Дојран

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 30 минути до еден час час, а на ГП Дојран за излез од државата околу 40 минути. На граничниот премин Богородица, пак, за излез од државата се чека околу еден час.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ