вторник, 8 јули 2025

По дваесет години постоење, УЗКН доставува годишен извештај за работата до Владата

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) го објави својот годишен извештај за 2024 година, со кој ги претставува главните активности и постигнувања во доменот на заштитата, конзервацијата и промоцијата на културното наследство во земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот ги опфаќа реализациите на теренски истражувања, реставраторско-конзерваторски зафати, соработка со национални и меѓународни институции, како и проекти од особено значење за локалната и националната културна меморија.

Како што нагласуваат самите , по 20 години од постоењето на Управата за заштита на културно наследство, овој орган првпат доставува извештај за работата до Владата на РМ, што е законска обврска согласно член 144 б од Законот за заштита на културното наследство.

„Со овој документ, Управата ја потврдува својата заложба за систематски и транспарентен пристап кон зачувување на културното богатство, кое е од суштинско значење за идентитетот и развојот на заедницата.

Во 2024 година Управата за заштита на културното наследство издаде одобренија за интервенции на културни добра од кои : 2498 се  одговори преку системот Е-урбанизам во делот на информации, податоци и мислења за изработка на урбанистичко планска документација до ЕЛС. Издадени се1618 податоци за потребите за изготвување на урбанистички планови, 18 мислења за доделување на концесии за експропријација на минерални суровини и повеќе од 700 уверенија за извоз на незаштитени добра. Освен тоа, издадени се: 31 конзерваторско одобрение за непосредна заштита на движно културно наследство, 29 одобренија за времено изнесување на движно културно наследство, 61 одобрение за фотографирање и снимање ,790 мислења по урбанистички планови и урбанистички проекти, 8 решенија за ЗКО, 71 дозвола за вршење на археолошки истражувања, 11 одобренија за вршење на конзерваторски истражувања  за проекти за недвижно културно наследство, 21 одобрение за вршење на конзерваторски истражувања за проекти за движно културно наследство, 10 конзерваторски одобренија за непосредна заштита на фрескоживопис и подни мозаици. Управата за заштита на културното наследство имаше и врвна меѓународна соработка како што се конференции, археолошки берзи, работилници, трибини“, се вели со соопштението на Управата за заштита на културното наследство.

.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ