петок, 19 декември 2025

По денешниот сончев есенски ден, од утре следуваат дождови и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

УХМР информира дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре (петок) и в понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а в понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 километри на час.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ