недела, 21 декември 2025

По 7 години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамки на денешната посета на Струмица извршија увид на започнувањето на работите на доизградбата на стариот таетар, чија изградба  беше закочена цели седум години.

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме прилично амбициозна агенда за денот потоа да сè направи проект повеќе, да се реализира проект повеќе, сето она што до сега беше ветувано, а нереализирано или заборавено да го реализираме. Како Влада продолжуваме да ги поддржуваме општините, се сеќавате Струмица во првиот повик од Министерството за локална самоуправа не поднесе тогаш проект, односно поднесе еден проект којшто не ги исполнуваше условите. Додека, пак, сега во вториот повик поднесе неколку проекти, улици генерално за асфалтирање и реконструкција и сите тие проекти беа одобрени од страна на Владата и ќе ги финансираме во периодот којшто следи. Како Влада сакаме да пратиме порака дека ние сме Влада на цела Македонија, на сите општини“, подвлече претседателот на македонската влада и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според министерот Зоран Љутков овој театар претставува симбол на културната меморија на градот Струмица и на целиот Југоисточен регион.

„Владата и Министерството за култура и туризам обезбедија 198 милиони денари (околу 3,5 милиони евра) за довршување на објектот. Веднаш по нашето доаѓање на власт во 2024 година, беше спроведена детална ревизија на проектот, беа анализирани сите досегашни фази на изградба и веќе е избран нов изведувач. Согласно динамиката на работа, проектот ќе биде целосно завршен до крајот на 2026 година“, истакна Љутков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ