По тој повод, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински денес упати искрени честитки до родителите, со желби за здравје, радост и среќно детство на новороденчето.
Согласно Одлуката на Општина Берово за поддршка на семејствата со новороденчиња, од Буџетот на општината ќе бидат исплатени 15.000 денари за првородено дете, како и дополнителни 7.000 денари еднократна парична помош за новородено дете, односно вкупна финансиска поддршка од 22.000 денари.
Од Општината посочуваат дека оваа мерка е дел од континуираните активности за поддршка на младите семејства и за поттикнување на наталитетот во општината.
„Активно се грижиме и ги поддржуваме младите семејства, со цел создавање подобри услови за раст и развој на најмладите жители на нашата општина“, се наведува во соопштението од градоначалникот.






