четврток, 19 март 2026

Пленковиќ на самитот на ЕПП во Брисел: Македонија заслужува јасна перспектива во ЕУ

Европската народна партија (ЕПП) е водечка политичка сила во Европа, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е член на Хрватската демократска заедница. Хрватскиот премиер во Брисел учествува на прославата на 50-годишнината од ЕПП.

Објавено на

часот

Сподели

„Во изминатите 50 години, ЕПП е водечка политичка сила во Европа, која отсекогаш силно стоела покрај граѓаните. Соочени со бројни предизвици, ја градиме иднината на ЕУ врз фундаменталните принципи на нашата политика – солидарност, просперитет, безбедност и почитувана Европа на глобално ниво“, се вели во објавата на Пленковиќ на „X“.

Тој додава дека ХДЗ, како членка на ЕПП, има важна и активна улога. „Ќе продолжиме да придонесуваме кон заедничките европски политики, заштитувајќи ги интересите на хрватските граѓани и дополнително зајакнувајќи ја нашата позиција во срцето на Европа“, истакнал Пленковиќ.

Во Брисел тој се сретна и со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, при што на „X“ објави дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

„Разменивме мислења за геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, како и за мерките што ги преземаат двете влади за борба против порастот на цените на енергијата. Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ и веруваме дека заслужува јасна перспектива“, објави Пленковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ