„Бидејќи измените на законот од 2024 година кои беа наведени во иницијативата не се веќе во правниот поредок, Уставниот суд ја запре постапката по овој предмет“, информираа од Уставениот суд.
Оттаму објаснуваат дека сепак има уште една иницијатива која беше покрената од самиот Уставен суд, а се однесува на најновите измени на законот од февруари годинва.
„Платите во моментот остануваат исти, во смисла ниту се укина ниту се поништи било каков дел од законот. Но, за судиите е поведена друга постапка, што значи се под сомнеж последните измени од февруари 2026 година. Уставниот суд ќе се спрема нова, конечна одлука. Дали ќе биде укинат или поништен делот од законот кој ги регулира платите на судиите, во овој момент не можеме да прејудицираме“, велат од Уставниот суд.
Меѓу клучните аргументи во иницијативата за која допрва ќе се расправа се уставно загарантираната самостојност и независност на судската власт, владеењето на правото и начелото на поделба на власта.






