Врз основа на судска наредба обезбедена од јавниот обвинител, полициски службеници вчера извршија претрес во домот на осомничениот 23-годишник во Скопје. При претресот беше пронајден еден полуавтоматски пиштол и вкупно 51 куршум со калибар 9мм, како и рамки и други додатоци за оружјето кое го поседувал без дозвола.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје утрово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото доколку се брани од слобода.






