понеделник, 15 декември 2025

ПИОМ отвори нов центар за повикување

Во рамки на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување работи нов центар за повикување (кол-центар). Повикувачкиот број е 02/ 15 215, а граѓаните може да се јават од 8 до 16 часот, од понеделник до петок.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во кол-центарот, како што информира Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, граѓаните можат да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на: старосна пензија, семејна пензија и инвалидска пензија, најнизок износ на пензија и остварување права со примена на меѓународни договори.

Можат да се добијат информации и за остварување права од Законот за работни односи: скратено работно време, промена на работно место,непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци), продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници ( верски лица), остварување права за осигуреници со бенефициран стаж, задршки од пензија и услови за остварување право за сместување во пензионерски дом.

„ПИОМ со отворањето на новиот кол центар прави уште еден чекор во насока на подобрување на услугите што ги дава, како и олеснување на пристапноста до информациите кои им се потребни на граѓаните, а се во негова надлежност“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ