понеделник, 7 јули 2025
Обвинителството бара притвор

Пијан маж претепал жена со чадор, таа во крв и со повреди успеала да повика помош

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое е осомничено за нанесување телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Во семејниот дом на улицата Бутелска, на 20 јуни, осомничениот 54-годишник, во алкохолизирана состојба, ja навредувал својата сопруга, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата. Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне до дворот и од таму повикала помош.

Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ