недела, 14 декември 2025
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка

Пиеле во парк во Скопје, се скарале, па до смрт го претепале пријателот

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – тешка телесна повреда.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Обвинителството, на 10 септември, во вечерните часови, во паркот Жена борец во Скопје, осомничените на возраст од 44 и 46 години, со умисла тешко повредиле едно лице кое подоцна починало во болница.

„Сите тројца се сретнале и заедно пиеле алкохол, а потоа започнале меѓусебно да се расправаат. Вербалната расправија преминала во физичка пресметка, па двајцата осомничени со удари со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле повеќе повреди на оштетениот. Како резултат на повредите, тој два дена подоцна починал во болница“, соопштија од ОЈО Скопје.

Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ