Петрушевски вели дека стои зад секој јавно изнесен збор и оти е подготвен аргументите со Заев да ги соочи пред судот и пред јавноста.
„Судницата не е средство за заплашување, туку место каде се утврдува вистината. Денес никој не е над законот. Ниту поранешен премиер, ниту актуелен пратеник. Но, наместо Заев да се обидува преку тужби да ја замолчи критиката, нека одговори на суштинските прашања што кои ја интересираат јавноста. А вистината секогаш излегува на виделина“, напиша Петрушевски на својот Фејсбук- профил.






