среда, 10 декември 2025

Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти

Согласно идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти, рече пратеникот Бране Петрушевски.

Објавено на

часот

Сподели

Во дебатната емисија на ТВ Телма Петрушевски рече дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква намера да прифати никакви илегални мигранти, ниту, пак ќе се градат какви било шатори, кампови или хабови во делот на илегалните мигранти.

„Од она коешто значи идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифативме никакви илегални мигранти, лага е дека ќе се градат било какви шатори, кампови, хабови во делот на илегалните мигранти. Она коешто ќе го направиме е борба со илегалната миграција, нешто за коешто и британскиот амбасадор во соопштението напомена, нешто за коешто е разговарано и во Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, кој е јавен, дебатиран во Собрание, каде што апсолутно ништо од ова не е наведено“, појасни Петрушевски.

Тој се осврна и на новиот проект Безбедна земја (Safe Country), со кој ќе се зајакне делот на граничното управување по пат на обезбедување на целата гранична линија на Македонија со соодветни технички камери и помагала, а во насока на спречување на илегална миграција како и нелегална трговија и шверц.

„Ќе го зајакнеме делот на граничното управување. Премиерот најави еден нов проект, Safe Country, со кој целата гранична линија на Република Македонија ќе биде обезбедена со соодветни технички камери и помагала, така што покрај спречување на илегалната миграција ќе се спречува шверц, нелегална трговија. За ваквите чекори коишто ги прави оваа Влада во делот на спречување на илегална миграција добиваме пофалби од членки на ЕУ во континуитет и во таа насока ќе продолжиме да работиме заедно со нашите стратешки партнери“, рече Петрушевски и додаде дека едно е борба против илегална миграција, во која соработуваме со нашите стратешки партнери, а сосема друго се илегални мигранти, нешто за кое оваа Влада нема никаква намера ниту да разговара, ниту да прифати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ