Според него, секој што учествувал во изградбата, надзорот и управувањето со модуларната болница мора да понесе одговорност.
„Сега мора да ги повикаме надлежните да пристапат кон постапка за разрешување на оние кои се инволвирани во носењето на оваа срамна пресуда за модуларната болница во Тетово. Воедно ја повикуваме Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе оваа срамна пресуда“, дополни Петрушевски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи секаков израз на незадоволство од пресудата.
Тетовскиот Основен суд денеска ги прогласи за виновни поранешните директори на Клиничката болница Тетово обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година во кој 14 луѓе го загубија животот. Тие добија по година и шест месеци ефективна затворска казна. Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово беше прогласено за одговорно за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.