среда, 17 декември 2025

Петрушевски: Нов раскол во СДСМ, ниту еден пратеник не присуствува на собраниската седница

Дали е на повидок нов раскол во СДСМ, прашува пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук, објавувајќи фотографија од актуелната собраниска седница без пратениците на социјалдемократите.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска, ниту еден пратеник од СДСМ не присуствува на собраниската седница. Дали е случајност или некому испраќаат порака? Особено што вчеравечер Филипче го објави новиот тим на СДСМ во кој речиси и да нема актуелен пратеник. Очигледно, незадоволството не може да се сокрие.

Кога внатрепартиските калкулации им се поважни од институциите, резултатот ќе е уште подлабока криза во редовите на опозицијата“, обвинува Петрушевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ