„Така што, ова е едно популистичко обвинување. Она кое што се однесува за пари за минимална плата, би било добро да одговорат, зошто додека беа власт изминатите 7 години, не ја зголемија минималната плата на работниците во обем како што тоа сега го бараат. А, да одговорат исто така од каде им пари со една функционерска плата да влезат во градежниот бизнис во Дубаи, и сите оние луксузирања кои што ги гледаме изминатиот период. Така што, вакви популистички прес-конференции на СДС не се ништо друго, само еден најобичен обид за замајување на јавноста“, рече Петрушевски.
Петрушевски: „Ленди груп“ добила двојно повеќе тендери кога СДС и ДУИ беа на власт
СДС што ги брои овие тендери последните две години, треба да ја прошири пресметката на изминатите години, кога тие биле на власт. И ќе дојдат до заклучок, дека истата оваа фирма, можеби и двојно повеќе тендери има добиено, кога институциите ги управувале СДС заедно со ДУИ, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бранe Петрушевски реагирајќи на конференцијата за медиуми на СДСМ.

Објавено на
часот





