„Очигледно е дека главниот обвинител Коцевски нема да си даде оставка, и дека тој избрал улога на маша во рацете на СДС. Но тој треба да знае дека одговорност за тие кои сега ги штити ќе има и ќе дојде, но исто така треба да знае дека и за секое негово незаконие на кое ќе се дрзне – одговорност ќе има“, рече Петрушевски.
Тој истакна дека сè што досега било направено, но и сè што ќе се направи од сега па натаму, ќе биде ревидирано во иднина.
„Жално е само што главниот обвинител Коцевски целосно се стави во улога на заштитник на СДС и реши своеволно да го срамни со нула интегритетот на обвинителството“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека не сите обвинители се како, според него, „партиски истурениот“ Коцевски и дека голем дел од нив имаат и знаење и интегритет.
„Ги охрабруваме да си ја вршат работата, без разлика од насоките или притисоците. А одговорноста за сите криминалци и тие кои ги штитат доаѓа“, порача Петрушевски.






