сабота, 10 мај 2025

Петар Богојески стана директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Петар Богојески, претседателот на партијата Македонски концепт, дел од впадината коалиција, стана директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој предизвик го прифатив свесно и одговорно, не затоа што е лесен, туку токму поради комплексноста и сериозноста на задачите што произлегуваат од образовниот сектор, особено во рамките на европските образовни програми. Искрено благодарам за довербата што ми е укажана од страна на членовите на Управниот одбор. Би сакал да изразам благодарност и почит и кон мојот противкандидат за конструктивното учество во јавната постапка, како и кон досегашниот директор за неговата посветеност и придонес во развојот на Агенцијата“, изјави по тој повод Богојески.

Најголем дел од фондот на пари со кои располага агенцијата доаѓа од „Еразмус+“, програмата на Европската Унија наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во земјите во Европа, меѓу кои и Македонија.

Богојески на функција доаѓа на местото на Марко Ѓоргиевски, кој ја водеше оваа институција од ноември 2020 година.

Богојески во јавноста стана познат во 2018 година кога како „реформатор и фракционер“ беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ.

Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај во Варшава, Полска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ