Во земјава во моментот се лекуваат вкупно тројца пациенти, од кои во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“ еден пациент, а во приватната болница Систина двајца пациенти.
Во текот на утрешниот ден е најавено враќање на еден пациент од Белгија, кој ќе биде под опсервација на Клиниката за пластична хирургија.
„Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација“, се вели во соопштението.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.