Како што информираaт од минитертвото, во фокусот на разговорите била и работата на новоформираниот Ресурсен центар за поддршка на општините, како и прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, кој вчера електронски беше доставен до сите градоначалници, како алатка за поефикасно управување во првите месеци од мандатите.
„Во рамки на посетата беше направен и увид во реализацијата на проектот ‘Да ја поканиме природата во нашите градови’, финансиран преку првиот повик на ИПА 3 – програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Македонија, во рамки на приоритет 1: ‘Позелен пограничен регион’. Вредноста на проектот за Општина Виница изнесува 300.743 евра, од кои 15% национално кофинансирање е обезбедено од Министерството за локална самоуправа. Владата континуирано инвестира во развојот на Виница. Во изминатиот период, преку двата јавни повика за инфраструктурни проекти во општините, беа одобрени 15 проекти, со вкупна вредност од 159.058.947 денари. Министерството за локална самоуправа останува посветено на унапредување на локалниот развој, преку поддршка на општините со развојни, инфраструктурни и зелени проекти кои носат видливи и одржливи придобивки за граѓаните“, се наведува во соопштението.






