Перински во Ѓорче Петров: Да ги слушнеме реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните
Во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински, и неговиот заменик, Ерџан Селими, вечерва во Домот на културата во Ѓорче Петров, остварија средба со граѓаните, претставниците на невладиниот сектор, спортските и културните работници, со цел да ги слушнат нивните идеи и предлози во насока на понатамошниот развој на општината. Граѓаните изнесоа конкретни предлози во повеќе области, од подобрување на инфраструктурата, преку поддршка за спортските и културните иницијативи, до засилување на механизмите за партиципативно учество на жителите во носењето на одлуките на локално ниво.

Објавено на
часот