Како што информираат од министерството, овие проекти се реализираат во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, преку отворениот повик за инвестициски иницијативи по Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“.
„Вкупна вредност на јавниот повик изнесува 500.971.694 денари. Од овие средства за македонските корисници обезбедени се 137.887.557 денари преку кофинансирање од ЕУ и национално кофинансирање во вредност од 26.349.547 денари. Проектите се во област на препознатлив културен и природно ориентиран и одржлив туризам. Преку оваа Програма ги развиваме Источниот, Југоисточниот и Североисточниот плански регион“, пишува во соопштението.






