сабота, 20 декември 2025

Пензионерскиот синдикат: Потребни се повисоки пензии и подобра грижа за постарите лица

По повод Меѓународниот ден на старите лица, Пензионерскиот синдикат на Македонија, како дел од Европската федерација на пензионери и постари лица (ФЕРПА), упати честитка и потсетување за значењето на четирите главни столба кои оваа организација ги постави како приоритети. Станува збор за правото на пристојни пензии, правото на долгорочна и квалитетна здравствена грижа, правото на квалитетно сместување кое ги зема предвид потребите на постарите лица и правото на пристап до други основни услуги.

Објавено на

часот

Сподели

Од Синдикатот апелираат властите во Македонија да обезбедат овие потреби целосно и да се применуваат во пракса, бидејќи само на тој начин може да се создаде подобар и достоинствен живот за пензионерите и постарите лица.

„Го поздравуваме зголемувањето на пензиите во изминатиот период, но сметаме дека овој тренд мора да продолжи за понатамошно подобрување на социо-економскиот статус на пензионерите,“ наведуваат од Синдикатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ