За Партијата на пензионерите, донесувањето на овој закон е револуционерен потег.
Но, во исто време Партијата на пензионери има и забелешки на законот.
„Партијата не гледа потреба од ограничување на законот, од причина што сите способни пензионери би сакале да работат подолг период од законски предвидениот. Правото на работа е уставно загарантирано и не треба да влијае на пензијата која е економска категорија и законски загарантирана. Овој закон треба да важи за сите даватели на услуги, а не само за одредени области, освен во државната администрација. Со проширување на дејностите без ограничување на 15 денови во месецот ќе се овозможи поголемо ангажирање на пензионерите и намалување на социјалните разлики. Токму затоа Партијата на пензионери ја охрабрува Владата и Собранието што е можно побрзо донесат измени и дополнувања на споменатиот Закон со што ќе придонесат за намалување на работата на црно и сивата економија, а истовремено ќе придонесат за за поголем прилив на финансиски средства во пензискиот фонд. Во таа насока Партијата на пензионери предлага да се искористат позитивните искуства од регионот и ЕУ со прилагодување на овој Закон со соодветните модели“, велат од Партијата на пензионерите.






